... Добредојдовте на сајтот Мокрино | ||||||||
Мокрински извори Од трите Мокрински извори кои се лоцирани во близината на Струмичкото село - Мокрино, истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста,без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се мисли дури дека тој е поврзан со Дојранското езеро. Но никој никогаш тоа не го испитал. Поради количеството и силината на овие води,на времето околу нив имало многу воденици. Старите дрвја на Мокринските Извори,од чии корења извира вода,и нивната магично убава околина во доследно време ќе стане парк за настава вo природа, за дружење и пикник.Во рамките на проектот„Живо наследство“, ова своевидно чудо на природата, како што го опишува локалното население, ќе добие и информативна брошура, со што на пошироката јавност ќе и биде овозможено да се запознаат со Мокринските извори, и во доследно време бидаат кандидат за едно од седумте светски чуда. Апел Почитувани браќа и сестри, драги Мокринци и Мокринки Досега имаме остварено бројни активности и голема преписка, а и како резултат на тоа богата документација со која располагаме во нашата архива. Постојано реагираме и укажуваме на неправдите и аплецираме за донации.Нашите напори и заложби на тоа претседателство се изнаваѓање разбирање и подршка од страна на сите мокринци во низа земји. Со овој апел барам подршка спрема договореното од основачкото собрание во Берн 2000 год. во рамките на Вашите можности, со која по повод десет годишнината би било спонзорирано печатењето на книга за Мокрино, а во чии рамки ќе биде презантиран нашиот повеќегодишен ангажман.Книгата ќе се отпечати напоредно на македонски и на англиски јазик, со тоа ќе бидеме подостапни до пошироката светска јавност. Токму за таа цел, книгата ќе биде доставена до голем број библиотеки и институции ширум светот, а и секој од Вас што ќе си ја подмири паричниот прилог за последните три години, ќе добие бесплатен примерок на актуелната адреса на живење. Со искрена надеж дека овој апел ќе наиде на содветен одзив кај многумина што ја сметаат за возвишен и светол чин. Ви испраќам братски и пријателски поздрави, со желба за јакнење и ширење на нашата соработка. Претседател на МСА „МОКРИНО - 2000“ од Мокрино во Швајцарија. КОСТАДИНОВ ЗОРАН Вашите прилози спрема Вашите можности уплатете ги на веќе познатата жиро сметка која ја добивате писмено секоја година. П Р И Ј А В Е Т Е С Е З А С П О Н З О Р С Т В О
Ви благодариме на вашата приврзаност и ви порачуваме да земете учество во креирањето на нашата програма по повод јублиларната 2010 година со тоа што ќе ни ги сопштите вашите фаворити или ќе давата ваши сугестии без разлика на што се однесуваат. Ексклузивно Внимание! Ново! Предлог програма - Прифатена едногласно на последното собрание од 04 Октомври 2009 год.
08-03-2010 Меѓународен ден на жената -www.mokrino.com Среќен 8-ми март на сите жени Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се обележува на 8 март секоја година.Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за одбележување на псебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената бил одбележан на 28 фебруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 год. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген беше одржана Првата меѓународна конференција на жените и на него беше одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, на 8 март секоја година. Следната година, во 1911 год. по прв пат беше прославен овој празник од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија,Данска,Герм анија и Швајцарија. По победата на болшевиците во Русија , 8 март по прв пат е прогласен за државен празник . На запад во 20-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а ожевеа во 60-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8-ми март не е прогласен за државен празник. Денес, 8-ми март е државен празник само во малку земји како Русија Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан и Виетнам. Република Македонија е една од ретките земји во кои се признава Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само смболичен статус и не е поврзан со идеалите за родова рамноправност.
Адети или како отприлика тече една Македонска свадба Генерално, свадбата се состои од четри големи делови: одење по невеста, венчавање во матично, венчавање во црква и голема веселба во ресторан / хотел По невеста...Пред официјалниот почеток на свадбата сватовите се собираат кај младоженицот и одат по невестата. Во некои краеви од Македонија, зетот прво со музика го кани Кумот и старосватот и потоа заедно одат по невестата. Кај невестата се оди со музика,на влезната врата во дворот се поставува греда сватовите од женската страна и појачани со вредни мажишта се дава отпор да неможат да влезат додека не се пазарат, во случај ако не се испазарат тгаш следува со сила наравно женската страна попушта малку изиграва сила и со влегувањето во дворот на невестата извесно време се игра со две музики едната страна си го игра нивното оро а другата нивното.Потоа се иизмешуват сватовите невестата стои пред влезот на куќата го чека младоженецот да дојде да ја лажи со црвено големо Ресенско јаболко во тој случај невестата треба да успее да го украде јаболкото и да избега директ во нејзината соба каде се заклучува и седи затворена во соба и чека семејството на младоженицот и нејзиното семејство да се „пазарат“. Откога нема да се договорат, другарите на младоженицот одат да ја „кршат„ вратата од собата на невестата. По влегувањето во собата деверот треба да става пари во кондирите на невестата затоа што „по грешка„ зетот ги купил поголеми.Потоа невестата ја напушта куќата на своите родители и по обичај се игра оро пред куќата на невестата. Галички обичај е невестата, при доаѓањето на зетот пред нејзината куќа е таа да го види низ златен прстен. Во матичното нема адети, таму мора се да оди по закон... сепак се работи за МВР. Сериозно, венчавката се одвива се одвива според протокол, во кој матичарот ги чита членовите од законот за граѓански брак на младоженците, тие ги прифаќаат, се потпишуваат и со тоа завршува правниот дел од свадбата. Во црква...Она што е важно за чинот, е дека сите што учествуваат во светата тајна венчавањето - младоженците, кумот и старосватот мора да бидат крстени. Кумот и старосватот, имат високо место во духовното сродство со младоженците. Според каноните на МПЦ, не може да се венчава во деновите на велигденските пости и во денови во строги пости. Церемонијата на венчавање се состои во два ореда: прстенисување и крунисување. Прстенисувањето се врши пред олтарот каде свештеникот ги прашува младите дали доброволно го избираат својот животен сопатник. Потоа се доаѓа на средината на црквата каде се извршува крунисувањето. Со тоа се овекувечува лубовта меѓу младоженците, со што се исполнува Божјата заповед - „раѓајте и множете се, и владејте со земјата„. На чинот на венчавање, кумот и старосватот носат даренија (платно) со кои се врзуваат младоженците. Симболиката на ова е да се зајакне нивната врска со зборовите од светото евангелие - „Она што ќе сврзите на земјата, да биде сврзано и на небото„ и потоа им се дава погача со сол и црвено вино. Во текот на венчавањето се држат запалени свеќи донесени од кумот и старосватот. На крајот од венчавката се вртат кругови во црквата а свекрвата (мајката на младоженицот) фрла бонбони , пченица и пари по младенците како симболика да имаат благ, плоден и богат брак. По овој чин младоженците добиват сертификат од црквата дека се венчани во Македонската Православна Црква св. Костадин и Елена од Мокрино. Во Ресторан...Е тука важи само едно правило... отпуштете се и уживајте во остатокот од Вашата свадба... веселете се со музиката која сте ја одбрале, внимавајте да не претерате со алкохолот, а се останато ќе си дојде само по себе. Сликање со гостите, играње, сечење торта,фрлање Бидермајер и се игра до КРАЈ... За испуштени адети допитајте се од постарите луѓе и информирајте не да ги ставиме нахнадно. С О С Р Е Ќ А. Потребни документи за склопување на брак (матична служба на МВР) ШТО АКО СУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН?
ИСКЛУЧОК: АКО СТЕ ЛИЦЕ ПОД ПРИВРЕМЕНА ХУМАНИТАРНА ЗАШТИТА ИЛИ ЛИЦЕ СО ПРИЗНАЕН СТАТУС НА БЕГАЛЕЦ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ТОГАШ:
КАКО МОЖЕ ДА ГО ПРИЈАВАМ БРАКОТ СКЛУЧЕН ВО СТРАНСТВО АКО СУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН? Ќе го пријавите бракот за запишување во матична книга на венчани во матичната служба во местото каде што имате живиалиште. Притоа, треба да ги доставите следните документи:
Сите податоци се преземени од сајтот на МВР. БЛАГА РАКИЈА Свекрвата приготвува блага ракија и погача и ги праќа деверитекај родителите на невестата. Благата ракија е симболика дека деверите ќе однесат блага вест дека невестата е чесна. Кај невестата деверите ги пречекуваат исто така со блага ракија и печени кокошки. Потоа деверите обично ги испраќаат со три печени кокошки. Кокошките се наденети на стапчиња украсени со китка.На стапот има наденато јаболка. Потоа пак деверите се враќаат со блага ракија кај младоженецот. Тој треба да им ги одземе пратените кокошки од деверите кои бегаат и доколку неможе да ги фати треба да плати. Од тие кокошки и кокошките кои се подготвени од селаните, пријателите и роднините се прави богата трпеза. Што значи дека понеделникот е свадбен ден за блиските, кои што во неделата биле ангажирани и помагале за да бидат нагостени сватоштините, и во понеделникот јадат пијат играат и се е проследено соодветни песни. Гостите на крајот се послужуваат со блага ракија и баклава.Умерена употреба на алкохол го продолжува животот Луѓе не плашете се, само не претерувајте: Луѓето кои консумираат алкохолни пијалоци во умереноста живеат подолго од оние кои не пијат, покажано на неодамнешното истражување. Десет годишната студија беше спроведена од страна на Британската канцеларија за национална стастика(ONS), во која беа опфатени 2000 луѓе на возраст од 65 години или повеќе, и во текот на студијата ги анализирале факторите кои би можеле да влијаат на зголемување на стапката на смртност кај луѓето. Резултатите ги потврдиле претходните заклучоци од истражувањето на поголем ризик за смрт на почетокот со луѓето кои не косумираат алкохол од оние кои го праваат тоа од време на време и во умереност. Повторно,се открило дека пушењетое една од најчестите причини за смрта на лица постари од 65 години. За зачувување на здравјето на срцето и крвните садови и во спречување на рак, се советува од срана на лекарите обично умерено конзомирање на црвено вино. Да пишеме писмо до претседателот Обама, Грција да се вика Јужна Македонија Република Македонија не доби Датум за Преговори со Европската Унија само поради Поранешна Македнска Република Грција.... Ама што и да биде Името ни останува...сега и кога да боло ќе биде уште долго долго... Да живее Република Македонија. Тимот на Мокрино - 2000 на сите заљубени им го честита католичкиот празник свети Валентин. Денот на свети Валентин во нашите краишта пристигна повеќе како мода, донесена од белиот свет, која убаво кореспондира со желбата да бидеме дел од "светската лубовна приказна", изразена повеќе како карневалско доживување отколку како како некоја верска припадност. Неоспорено е дека овој празник е пренесен од католичката традиција, како некаков модерен импулс за забава или повеќе како мимикрија на западната култура. Во овој случај,славењето на Свети Валентин, празник на влубените, е пријатно и симпатично влијание, колку и да е потикнато од пазарната логика, маркетиншкото размислување или некој засега неоткриен мотив. Празнувањето на лубовта секогаш е оправдано!На некој начин симпатично е совпаќањето на 14 Фебруари со прославата на на православниот Свети Трифун! И кога е веќе тука, меѓу нас, кога денот дише со цвеќињата, слатки и подароци наменети за влубените, интригантни се легендите кои зборуваат за овој заштитник на љубовта. Историјата на денот на свети Валентин и неговиот патрон, всушност, е обвиткана со многу мистерија, но сепак, во западниот свет токму поради овој празник февруари си го добива епитетот месец на романсата. Ова празнување на њубовта е содржано во две традиции и во христијанската, но и во старата римска традиција. Значи, кој бил свети Валентин и како станал асоцијација за признавање на лубовта? Католичката црква познава барем тројца различни светци именувани како Валентин или Валентинос. Една од легендите вели дека Валентин бил свештеник кој живеел во третиот век во Рим. Кога императорот Клаудиј Втори заклучил дека мажите - самци, всушност, се подобри војници од оние со сопруги и со семејства, забранил младите мажи, додека сe уште се потенцијални војници - да се женат. Валентин го сметал тоа за неправедно и тајно ги венчавал младите влубени. Кога акциите на Валентин биле откриени, Клаудиј наредил да биде погубен со мачење. Друга приказна сугерира дека Валентин можеби бил убиен додека се убидовал да им помогне на христијаните што бегале од римските затвори, каде што биле мачени. Според уште една, славењето на љубовта, всушност, е посвета на љубовта на самиот Валентин, кој се вљубил во ќерката на својот темничар додека бил во затвор. Пед својата смрт,тој и напишал писмо што го потпишал со „твојот Валентин„, што денеска останало како потпис во љубовните картички што се праќаат на 14 Фебруари, како супституција за потпис „твојот Љубен“. Сите овие легенди содржат романтична, херојска поента, која папата Геласиус ја канонизирал во 469 година, прогласувајќи го 14 Фебруари за ден на свети Валентин, за кој се претпоставува декае и ден на неговата смрт. Всушност, со оваа канонизација се смета дека католичката црква направила обид да се христијанизират паганските римски обичаи за славење на Луперкалија,всушност , славење на плодноста, што во стариот Рим се славела на 15 Февруари. Овој празник бил посветен на Лакија волчицата што ги одгледала основачите на Рим, Ромул и Рем. Така, всушност, е направен компромис во празнувањата, а народот и така сака само леб и игри! Замислите; Роналдињо му вели на Кристјан Роналдо - ЗА ТЕБЕ СУМ ГОРАН ПАНДЕВ!!!! ....ОД СТРУМИЦА ![]() | Слики од селото и швајцаријаДобредојдеСпонзориАнкета | |||||||
| Ce site est généré par „Мокрино2000„, 2001 =====>> 2008 ====>> | ||||||||