Статут Мокрино 2000 “ МОКРИНО 2000”
Асоцијација на граѓаните с. Мокрино со привремено место на живеење во Швајцарија
« С Т А Т У Т »
На собирот во Берн, во јануари 2000 година, беше потекната идејата, за формирање на заедница на грааните од с. Мокрино со привремено место на живеење во Швајцарија, која примерно би го олеснала животот, дружењето и меусебното помагање на истите, и секундарно би ја помагала изградбата на селската инфраструктура во село Мокрино, пред се со проекти кое би биле директно од корист на членовите на заедницата. Идејата беше едногласно прифатена, со што беше отворен патот, за формирање на асоцијацијата, на грааните од с. Мокрино со привремено место на живеење во Швајцарија, МОКРИНО 2000.
Асоцијацијата МОКРИНО 2000 е од социјално-хуман карактер со функција на тело за организирање и координирање на активностите на грааните од с. Мокрино со привремено место на живеење во Швајцарија, како што се :
* Собирање и дружење на граѓаните. * Меѓусебно помагање на граѓаните. * Продолжување на селските традици надвор од нашето село. * Помош во изградбата на селската инфраструктура на с. Мокрино, пред се проекти кои би биле директно од корист на членовите на асоцијацијата. * Службеното име на асоцијацијата е “ МОКРИНО 2000” а службената адреса на асоцијацијата гласи на името на секретарот на асоцијацијата, што значи со преземање на функцијата секретар на асоцијацијата Мокрино 2000, секретарот ја става на располагање, својата адреса на живеење во Швајцарија, и како службена адреса на асоцијацијата. * Членови на асоцијацијата можат да бидат сите лица, кои сакат да се негува, подобрува и збогатува меусебниот живот и меѓусебното помагање, продолжувањето на нашите селски традиции надвор од нашето село, како и помагањето во изградбата на селската инфраструктура на с. Мокрино * Асоцијацијата е поделена на 3 службени подрачја и тоа : * Лозана за кантоните: "VD", "GE", "TI" * Берн за кантоните: "БЕ", "FR", "SO" * Луцерн за кантоните "LU", "NW", "OW", "AG" * За водењето и координацијата на асоцијацијата се грижи председателството на асоцијацијата, составено од 19 членови, во кое сите службени подрачја се застапени со свои членови и тоа: * Лозана со 7 члена. * Берн со 6 члена. * Луцерн со 6 члена.
Во случај на недостиг на членови, од страна на некое од горе наведените службени подрачја, бројот се надополнува со членови од другите службени подрачја.
Членови, нови членови или промена членови на председателството се избират на годишните собранија. Никој од членовите на председателството немат право на самоодлука во име на асоцијацијата, освен ако тоа биде предходно одлучено од страна на председателството и му е даден темпоререн мандат за самоодлука по некое прашање. Во спротивно членот кој направил самоодлука и со тоа и нанесол проблеми од финансиски или друг карактер на асоцијацијата,ги сносува сам сите консеквенци и се грижи за надминувањето и измирувањето на проблемите.
Со прифаќањето на нивниот избор, членовите на председателството се обврзуват, дека ќе работат и ќе ги извршуват своите дејности и функци во асоцијацијата, по статутот на асоцијацијата Мокрино 2000.
6. Од членовите председателството на асоцијацијата се избира потесното председателство на асоцијацијата кое е составено од четири членови кои имаат право на по два мандата по две години и тоа се: * Председател на асоцијацијата. * Секретар на асоцијацијата. * Благајник на асоцијацијата. * Заменик на благајаник
Членовите на потесното председателството немат право на самоодлука во име на асоцијацијата, освен ако тоа биде предходно одлучено од страна на председателството и му е даден темпоререн мандат за самоодлука по некое прашање. Во спротивно членот кој направил самоодлука и со тоа и нанесол проблеми од финансиски или друг карактер на асоцијацијата,ги сносува сам сите консеквенци и се грижи за надминувањето и измирувањето на проблемите.
7. Председателот на асоцијацијата е член на потесното председателство и ги води и координира активностите на потесното председателство, на председателството, и на самата асоцијација, помага во подготовката и свикување на состаноците, собирите и годишните собранија на асоцијацијата и ги води истите. Председателот на асоцијацијата ја застапува асоцијацијата надвор од неа и се грижи за постојани контакти со селските органи на с. Мокрино, како и за добри контакти со други институции, друштва или асоциаци. Во одсуство на секретарот, председателот на асоцијацијата, заедно со благајникот, ги извршуват неговите активности.
Председателот нема право на самоодлука во име на асоцијацијата.
8. Секретарот на асоцијацијата е член на потесното председателство се грижи и ги извршува сите администратвни работи на асоцијацијата, свикува состаноци на председателството и годишни собранија на асоцијацијата и помага во нивното организирање и водење. Со преземање на функцијата секретар на асоцијацијата, секретарот ја става на располагање својата адреса на живеење и како службена адреса на асоцијацијата Мокрино 2000. Во одсуство на председателот, секретарот на асоцијацијата ги извршува сите горе наведени активноси на председателот. Секретарот нема право на самоодлука во име на асоцијацијата. 9. Благајникот на асоцијацијата е член на потесното председателство и се грижи за финансите и финансиската сметка на асоцијацијата и најмалку еднаш во годината, за време на годишното собрание, приложува потполен извештај за нејзината состојба.. Во одсуство на благајникот,заменико
т на благајникот на асоцијацијата, ги извршува неговите активности. Благајникот нема право на самоодлука во име на асоцијацијата 10. Заменикот на благајникот е член на потесното председателство и помага на благајникот во извршувањето на неговите активности. Со преземање на функцијата заменик на благајникот на асоцијацијата ја става на располагање својата адреса на живеење и како службена адреса на асоцијацијата Мокрино 2000. Заменикот на благајникот нема право на самоодлука во име на асоцијацијата. 11. Контролниот орган е директно подлежен на председателството на асоциациата од членовите на председателството и се избира тричлено контролен орган кој го контролира водењето на финансите и финансиската сметка на асоцијацијата. Извештаи од контролните активност , контролниот орган приложува на секој состанок на председателството и годишното собрание на асоцијацијата, во случај на примедба за лошо водење на финансиската сметка, контролниот орган, преку секретарот на асоцијацијата, свикува вонредна седница на председателството на која ги изнесува сите забелешки и неправилности. 12. Асоцијацијата има своја сопствена сметка во пошта, а службената адреса на сметката гласи на адресата на благајникот на асоцијацијата. 13. За подигање на финансиски средства од поштенската сметка на асоцијацијата се потребни 2 потписа, кои пред тоа се одредуват од страна на председателството. 14. Членовите на асоцијацијата се должни годишно, да ги измируват своите обврски спрема асоцијацијата со плаќање на годишната членарина од 100 Шфр.
За неплаќање на чланарината за повеќе од 1 години, потрефените членови писмено се известуват за нивното нередовно и неправирлно измирување на своите обврски спрема асоцијацијата и им се приложува рачун за неплатените членарини. Во случај на негативен одговор или не реагирање на писменото известување, потрефените членови се исклучуват, за време на годишните собранија, од членството во асоцијацијата Мокрино 2000, со што престанува и нивното право на користење на бенефициите.
15. Членовите на асоцијацијата имат право на добивање на бенефиции и тоа: * За новороденче во фамилијата и како нов член на асоцијацијата-------
--------------------
----- 100 Шфр. * За склопување на брак------------- -----100 Шфр
( Во случај склопениот брак да е од 2 члена на асоцијацијата, двајцата добиват )--------150 ШФр. )
* За старечко пензионитрање-------
------100 Шфр. * За смртен случај без трошкови за транспорт (ШФ-МК-ШФ)----------
-----500 Шфр. * За смртен случај со трошкови за транспорт (ШФ-МК-ШФ)--------- ------2.000 Шфр. * Годишна претплата за чистење на гробиштата0--200 Ден. * Право на помош на изградба на маалински проекти, до 10% од износот
(за добивање на помош потребно е Писмено барање од побарувачот и негово лично присуство на состанокот кога се одлучува за истата, а исто така и предложување на детални рачуни од проектот.)
Во случај на неправилно спроведување или не измирување на правото на бенефиции, потрефените лица треба директно да се обракат до членовите на председателството од своите службени подрачја, или на годишните собранија во форма на забелешка под точка на дневниот ред разно.
16. Членовите на асоцијацијата имат право, за време на годишното собрание на предлагање на свои лични или идеи од други лица како што се: * Измена на работата и активностите на председателството и асоцијацијата. * Доделување или дополнување на бенефиците. * Собири или други активности на членовите на асоцијацијата. * Помагање на изградбата на селската инфраструктура во с. Мокрино.
Предлозите и идеите се стават на демократско гласање, при што од предлагачотсе очекува фер и безпрекорно прифакање на резултатот на гласањето. Предлогот или идејата ќе биде прифатена ако мнозинството на гласци гласа “ЗА”.
17. Предлози и идеи може да се достават до предсетателството и во други прилики, за тоа се потребни најмалку 5 потписи од членови на асоцијацијата кои го подржуват предлогот или идеата на предлагачот, (секоја фамилиа има право само на еден потпис) . Со доставувањето на предлогот и потребниот број на потписи, председателството на асоцијацијата го поканува предлагачот, да присуствува на наредната седница на председателството, каде ке се разгледа предлокот и ке биде даден на гласање.
Со прифакањето на предлозите и идеите на предлагачот од страна на гласачкото тело, предлагачот се става на располагање за нивно спроведување. Асоцијацијата и председателството на асоцијацијата го задржуват правото да одредат свој спроведувач на предлогот, наместо предлагачот на предлогот.
18. Основен услов за спроведување на предлози кои се поврзани со финасиски издатоци од страна на асоцијацијата, е да не се премине минималната граница од 7000 Шфр. кои треба да ги има на сметката на асоцијацијата на располагање за горе наведените бенефици. Во спротивно предлогот се става во мирување се додека финансиската положба на асоцијацијата не ја достигне потребната сума, со која предлогот може во пракса да се спроведе, без да ја премине минималната граница од 7000 Шфр. 19. Лицата кои се задолжени за спроведување на некои проекти, предлози или идеи, и се изложени на финансиски издатоци како што се: * Телефонски разговори ( сметки од мобилен телефон не се признават) * Трошкови за гориво. * Патни трошкови, авионски карти, автобуски карти итн.
Ќе им бидат надоместени трошоците од страна на асоцијацијата со приложување на сметките и рачуните кои ги платиле, во спротивно направените трошоци не можат да им бидат надоместени.
20. Членовите на асоцијацијата се должни да присуствуват на секоје годишно собрание, каде секоја година се одлучува за суштинските прашања на асоцијацијата а членовите на председателството и на секои состаноци на председателството. За не присуствување на состаноците треба да се достави писмено или телефонско образложене, во спротивно нередовните членови на председателството ќе бидат сменети од функцијата членови на председателството на асоцијацијата Мокрино 2000.
За направените патни трошкови при присуство на состаноците, на членовит од другите службени подрачја, во кои не се одржува состанокот, патните трошкови ќе им бидат надоместени на следниот начин:
* Берн – Лозана со кола до 3 члена се плаќа по член -------8 Шфр. * Со кола преку 4 члена се плаќа по кола ----30 Шфр. * Луцерн - Лозана со кола до 3 члена се плаќа по член --10 Шфр. * Со кола преку 4 члена се плаќа по кола -----50 Шфр. * Лозана –Берн со кола до 3 члена се плаќа по член -------8 Шфр. * Со кола преку 4 члена се плаќа по кола-----30 Шфр. * Лозана - Луцерн со кола до 3 члена се плаќа по член---10 Шфр. * Со кола преку 4 члена се плаќа по кола -----50 Шфр.
21.Во случај на расформирање на асоцијацијата работното председателство одлучува за останатиот капитал кој треба да се употреби за нашето село Мокрино.
Мокрино 2000
|
Слики од селото и швајцарија Г А Л Е Р И А
 |
|