Добредојде
Логин:

Лозинка:




Запамти ја идентификацијата

[ ]
[ ]
Анкета


10 Год.од постоењето(Дали сте задоволни од организаторите на Асоцијацијата)



Одлично работат само така нека продолжат.

Нека се прекине веќе од никаква корист е.

Нека се смене Председателството.



Предложено од Blazo
Гласа: 8
Предходни анкети

Не посетија
  • Blazo
    [ 2 дена, 16 часа, 53 мин., 3 сек. порано ]
  • Krstev
    [ 2 месеци, 1 ден, 14 часа, 7 мин., 26 сек. порано ]
  • meerchant
    [ 2 месеци, 1 недела, 3 дена, 16 часа, 32 мин., 16 сек. порано ]
  • webmaster
    [ 4 месеци, 3 недели, 2 дена, 3 часа, 21 мин., 52 сек. порано ]
  • Test Mite
    [ 4 месеци, 3 недели, 2 дена, 3 часа, 28 мин., 0 сек. порано ]
  • donco
    [ 5 месеци, 1 недела, 2 дена, 15 часа, 44 мин., 15 сек. порано ]
  • dweelleerby
    [ 5 месеци, 2 недели, 2 дена, 5 часа, 8 мин., 21 сек. порано ]
  • zoran
    [ 5 месеци, 4 недели, 2 дена, 15 часа, 24 мин., 32 сек. порано ]
  • Edunsiinvirvi
    [ 6 месеци, 3 дена, 53 мин., 53 сек. порано ]
  • insuivosulurl
    [ 6 месеци, 5 дена, 13 часа, 19 мин., 27 сек. порано ]
Од древната Македонска култура до денес
Blazo, lundi 12 janvier 2009 - 19:27:38

Од древната Македонска култура до денес

Географски сместена на крстосницата помеѓу исток и запад , Македонија има местоположба за која многу земји и позавидуваат . Денешните археолошки наоѓалишта околу Штип (кај Таринци и Анзабегово), кај Скопје ( Маџари и Зелениково), кај Куманово(Лапае) и Радовиш (Бучим) укажуваат на фактот дека овде се наоѓале населби уште од неолитно време,од кое се пронајдени земјени предмети. Во вториот милениум пред нашата ера, од неолит се поминало во бронзено доба(од 2600-1200год.п.н.е.) . Од тој период пронајдени се археолошки предмети, грнчарски работи, фигури дури и камени куќи,на наоѓалиштата во Бакарно Гумно,Скопје, Црнабука...


Археолошките наоѓалишта во Демир Капија, кај Сарај Брод и Висо, откриваат гробници како и кои ковчези што укажуваат на постоењето на населби и културни живеалишта уште во железно доба (122- 400 год.п.н.е.) Гробниците откриени во Источна Македонија, кај Радање и Орлови Чуки,потоа кај Оризари (Кочанско ) и во Бразда,Скопско) и на други места во Македонија.

Последните стотина години од железното доба претставуваат силен развиток на Старомакедонската традиција и култура , што се забележува во сите форми на накит,метални предмети и украси.Внатрешниот силен развиток на етничкот и социјалниот карактер на Древна Македонија, подоцна е пренесуван и надвор од неа. Тоа посебно се изразува со ковањето на првите сребрени и златни пари.

Од овој период се забележува и златен филигрански накит, прецизно изработени украси, предмети како и градови со однапред изградена инфраструктура.

Со зголемувањето на моќта на македонската држава за времето на Александар Македонски и со нејзината експанзија во светот, многу значајни делови и традиции на обработка на накит, ковчези , предмети и орудија биле пренесени во освојуваните земји, но и од таму биле донесувани најразлични скапоцени предмети што се пронајдени во археолошките наоѓалишта во Македонија,особено во гробниците.Во овој период Македонија се карактеризра со силна државна поставеност,свои симболи, традиција, војска...

Окупацијата на Македонија од Римската империја во 168 год.п.н. е., се карактеризира со почеток на римското влијание кое ќе потрае 900год.

Евидентен е развитокот на неколку градови од тој период, специјално во 3-от век од оваа ера се развиваат градовите Скупи(Скопје), Стоби, Баргала(Штип), Хераклеа,Линкестис(к ај Битола), Лихнидас (Охрид).

Од овој период се сретнуваат прекрасни амфитеатри, базилики,мозаици,ску лптури, слики итн.Преку археолошките наоѓалишта, базиликите и архиепископските живеалишта може да се види постоењето и развитокот на Христијанството.
Културното богатство на Македонија е непроценливо. Од горенаведеното се гледа дека Македонија е волшебна земја за археологијата. Се уште доволно не истражена, таа е предизвик на иднината.

Од Македонија потекнуваат и Глаголицата и Кирилицата,Азбука, каде што во 9-от век Македонците од Солун , браќата Кирил и Методиј ја осмислиле, а нивните ученици на чело со Климент и Наум ја рашириле и го описмениле неписменото население на Балканот и пошироко.
Денеска врз основата на саромакедонскиот јазик се оформиле повеќе светски јазици.

Стотици манастири и цркви, насликани со живописни фрески ,насликувајќи го секојдневниот живот во Македонија,потекнува ат токму од овој период.

Познати се Лесновкиот манастир, манастирот Св. Наум, и други.

За време во турското ропство неколку градови во Македонија добија нови објекти меѓу кои и Скопје , со старата чаршија, Куршумли Ан, Даут Пашин Амам итн. Денеска во Македонија постојат повеќе значајни споменици посветени на борбата за ослободување на Македонија, изградени во поново време. Такви се спомениците: Илинден во Крушево, Спомениците на паднатите борци во Прилеп, Куманово, Велес, Скопје и во други градови.

Најважни и најоргинални споменици сепак остануваат црквите, оние најстарите соѕидани уште во 9тиот И 10-от век, до оние најновите што ги има во Македонија ,но и надвор од неа низ целиот свет каде што живеат Македонците.

Соборнит храм "Св. Климент Охридски" е своевидно ремек дело, градено во 80-тите години од 20тиот век, но со видно зачувување на традицијата.

Денеска Македонија е земја во која културата и уметноста цветаат.

Во неа има преку 200 културни институции, 19 музеи, 2 уметнички државни галерии, 11 филмски институции ...

Македонската литература ги наоѓа своите корени уште во старо македонската држава. Најстариот пишан документ пронајден во Македонија е постар повеќе од 7000 години.

Особен развиток на литературата достигнала во манастирските училишта на Климент и Наум . Но, сепак поголем број на зачувани книги потекнуваат од последните неколку векови.
Денеска имаме две писателски организации:

" Друштвото на писателите на Македонија" и "Независните писатели на Македонија". Многу од македонските писатели и поети се преведувани и препејувани на повеќе светски јазици.
Секоја година во Струга се одржува светската манифестација " Стушки вечери на поезијата".

Во акорд со ова во Македонија постојат повеќе државни и приватни издавачки куќи.

Во Македонија постојат 13 активни професионални театри, една балетска и една оперска куќа. Меѓу театрите постојат и театри на Турската и Шиптарската драма.

Преку 30 години се одржуваат театарските игри " Војдан Чернодрински" во Прилеп, театарски фестивал од натпреварувачки карактер, а исто така постои и фестивал на аматерскиот театар што се одржува во Кочани.

Една стара поговорка вели" Кога ќе одиш низ Македонија немој ни да пееш ни да играш, зашто и ќе те натпеат и ќе те надиграт".

Македонија има непроценливо музичко наследство. Народната музика се пренесувала од генерација на генерација и во нејзината содржина се испреплетени сите аспекти од секојдневниот живот, заедно со обичаите, традицијата, верувањата...

Денеска во Македонија има преку 60 композитори на модерната класична музика и преку 3000 композитори на забавна и новокомпонирана народна музика.

Скоро секој град има фестивал:" Скопски фестивал на забавна музика"," Макфест"," Итерфест" во Битола, фестивали на народна музика "Валандово"," Цветници"," Гоце Делчев"," Тримери"," Тумба Фест"," Охридски Трубадури", "Eтно фест" и други. Познат е и фестивалот на гајди и народни инструменти во Долнени.

Се одржуваат многу фестивали на детската песна: "Златно славејче"," Веселото штурче"," Си-до"

" Калинка","Рибарче" ...
Интернационалниот "Џез фестивал " собира имиња познати во џез музиката од целиот свет.
Слики од селото и швајцарија
   Г  А  Л  Е  Р  И  А
Средба со Градоначалникот

 
С п о н з о р и
mok2.jpg

Гаража Нико швајцарија
  Гаража Нико
Продавница
Гаража Петров Берн
garaza_petrov_1.jpg
Градежна фирма Лозана
toni.jpg
Ресторан Панорама Мокрино
pamorama-mokrino.jpg
Ce site est généré par „Мокрино2000„, 2001 =====>> 2008 ====>>