Добредојде
Логин:

Лозинка:




Запамти ја идентификацијата

[ ]
[ ]
Анкета


10 Год.од постоењето(Дали сте задоволни од организаторите на Асоцијацијата)



Одлично работат само така нека продолжат.

Нека се прекине веќе од никаква корист е.

Нека се смене Председателството.



Предложено од Blazo
Гласа: 8
Предходни анкети

Не посетија
  • Blazo
    [ 2 дена, 17 часа, 13 мин., 19 сек. порано ]
  • Krstev
    [ 2 месеци, 1 ден, 14 часа, 27 мин., 42 сек. порано ]
  • meerchant
    [ 2 месеци, 1 недела, 3 дена, 16 часа, 52 мин., 32 сек. порано ]
  • webmaster
    [ 4 месеци, 3 недели, 2 дена, 3 часа, 42 мин., 8 сек. порано ]
  • Test Mite
    [ 4 месеци, 3 недели, 2 дена, 3 часа, 48 мин., 16 сек. порано ]
  • donco
    [ 5 месеци, 1 недела, 2 дена, 16 часа, 4 мин., 31 сек. порано ]
  • dweelleerby
    [ 5 месеци, 2 недели, 2 дена, 5 часа, 28 мин., 37 сек. порано ]
  • zoran
    [ 5 месеци, 4 недели, 2 дена, 15 часа, 44 мин., 48 сек. порано ]
  • Edunsiinvirvi
    [ 6 месеци, 3 дена, 1 час, 14 мин., 9 сек. порано ]
  • insuivosulurl
    [ 6 месеци, 5 дена, 13 часа, 39 мин., 43 сек. порано ]
Гледање во филџан
Тоа што го опкружува народот - Гледање на кафе

Иако кафето потекнува од денешна Етиопија, негови први дегустатори и обужуватели биле арапите! Тие до толку го сакале кафето што и за него почнаа да кажуваат митови дека и тешко болните луѓе оздравувале со него.
Оваа лубов кон кафето преминува и во Турција, кои отидоа чекор понатаму. Тие кафето го прогласија за свој национален напиток, а исто така почнале да го користат и за предвидување на иднината.
Првите знаци на пророштвото од талогот од каде се појавиле во 16 век кога пристигнале и првите вреќи  со кафе во Истамбул, а во 1554 година била отворена и првата кафеана на Европско тло во која се служело кафе.
Потоа,пророштвото во кафе прераснало во женска забава, која во Турција е многу популарна и денес. Но, гатањето не е омилено само во Турција. Задоволството во пиењето на кафето и забавата и верувањата / неверувата во фигурите кои се покажуваат доста успешно се пренесе и на нашите простори.
Поради тоа, во продолжение следува кратко упатство за приготвување на кафе, а секако и за гатање на талогот на „турското„ кафе.
Кафето варете го во џезве , а за секоја шоља кафе подгответе една мала лажица фино мелено кафе, една лажица шеќер и полна шоља ладна вода. Празното џезве ставете го на оган, ставете го кафето и шеќерот и добро промешајте ги, на таа мешавина додадете ја ладната вода и чувајте го кафето на оган седодека не зоврие. Потоа, кафето можете да го сервирате.
Откако ќе го испиете кафето, завртете ја празната шола три пати и поставете ја со отворот надолу така што талогот подобро би се распоредил низ шољата.
Додека ја вртите шољата, замислите некоја желба. По кратко време, кое е потребно да се засуши талогот, превртете ја шолата и на талогот ќе има оформено фигури.
Гледањето во кафе се започнува од рачката на шољата и истата се врти во стрелките на часовникот. Откако ќе завршите со „Гледањето во кафето„ личноста на која е шољата со кафе со средниот прст на дното од шољјата остава трага и замислува желба, доколку трагата е бела желбата е доста чиста и е веројатна да се исполни, а доколку е темна таа е малку веројатна да се исполни.

Во продолжение следува значењето на некои фигури кои може да се појават:

Ангел - добри вести, среќа, голем настан за вас
Авион - ќе добиете поклон за кој не се надевавте
Балон - бидете внимателни, можни проблеми и несогласувања
Бебе - мали грижи
Брег - лош предзнак, потешкотии и препреки во остварување на целите
Бубачка - тешка задача ќе се постави пред вас
Брод - ви претстои патување
Боца - очекувајте добри вести
Дете - финансиска придобивка
Дланка - проблеми во фамилијата
Грав - финансиски проблеми
Јајце - богатство и успех
Канџа - непријател
Ќелава глава - голема лубов
Клуч - отварање на врати, реализација на напорите, успех
Коњ - снага, независност
Компас - патување кон подалечна дестинација
Круг - очекувајте успех
Круг со точка во близина - принова во фамилијата
Круг со линија во близината - вашиот труд нема да биде почитуван
Круша - финансиска сигурност
Квадрат - нов дом
Пеперутка - флерт
Лав - успех на работа
Лице - некој што ве сака се грижи за вас
Лисица - лажен пријател
Ланец - покана за на свадба
Права линија - напредок без проблеми
Крива линија - неуспех
Топка - некој кој познавате, а се занимава со спорт - му претстои краток период на среќа а потоа несреќа.
Мачка - расправија за кратко
Магаре - не се надевајте на помош од вашите пријатели
Метла - успех на работа
Мечка - добро размислите за нови одлуки
Маска - опкружени сте со лицемерии,непријател и
Млада месечина - религиски повик
Мотика - финансиска придобивка
Мравка - одлучност за некоја работа да се донесе до успех
Наковална - деловен успех
Наушница - потребно ви е внимателно објаснување
Нож - ве очекува некоја опасност, непријателот ви „крои„ нешто
Овца - тешка работна задача
Око - лубомора, завист
Оро - големо подобрување во животот
Куче - добар и приврзан пријател,верен партнер
Коњ - немате сили, започнатата работа да ја завршите до крај
Полна месечина - љубов
Палма - среќни денови во бракот
Пајак - неочекувани пари
Пчела - ќе запознаете нови пријатели и ќе чуете добри вести
Писмо - ве очекуваат добри финансиски денови
Пила - препреки на работа од своите соработници
Прстен - брак
Рак - чувајте се од вашите соработници, можат да ви нанесат зло
Скинат прстен - проблеми во бракот
Риба - животот ќе ви биде побогат,посреќен
Рака - пријателство и фамилија
Срце - љубов,верување и доверба
Стебло - на пат се промени кон подобро
Стол - неочекуван гостин
Слон - искрен пријател
Сонце - моќ,успех
Свеќа - некој че ви помогне да успеете
Стрела - среќна и хармонична љубов
Стена - мал проблем кој брзо ќе го надминете
Стопало - добри вести
Свиња - добивка на работа
Човек со испружена рака - поклон
Чадор - оговарање, озборување
Чамец - работните обврски можете сам да ги средите
Чорап - оговарање, озборување
Чекан - грижи
Торба - пред вас е некоја замка,ако торбата е отворена можете да ја избегнете, но ако е затворена нема да можете
Трокут - доаѓат промени
Топче - работата повеќе не ви причинува задоволство
Уво - ќе слушнете неочекувани вести
Врата - прилика за успех
Рог - внимавајте на влијанието на луѓето во вашата околина
Волк - непријателство, лубомора можна расправија
Знаме - ве очекува опасност, подгответе се за судир
Змија - внимателно, имате непријатели
Змеј - коренети промени
Звоно - неочекувани вести
Звезда - исполнуване на ваша голема желба
Заб - зло
Цвет - финансиска придобивка
Црква - грижи
Харфа - среќа во животот
Шешир - мали незгоди, промени

Изразите и формите постојано ќе се надополнуваат, па слободно доколку знаете значење за некоја формакоја ја немаме опфатено чуствувајте се слободно да не контактирате преку  нашата контакт адреса  и да го напишете знаќењето и името на формата која сакате да се надополни во нашата колекција на форми за гледање на кафе.
Слики од селото и швајцарија
   Г  А  Л  Е  Р  И  А
Средба со Градоначалникот

 
С п о н з о р и
mok2.jpg

Гаража Нико швајцарија
  Гаража Нико
Продавница
Гаража Петров Берн
garaza_petrov_1.jpg
Градежна фирма Лозана
toni.jpg
Ресторан Панорама Мокрино
pamorama-mokrino.jpg
Ce site est généré par „Мокрино2000„, 2001 =====>> 2008 ====>>