
Според археолошките споменици и архивските материјали уште пред новата ера тука живееле тракиски племиња меѓу кои попознати се: Добери, Астраи и Џори кои главно ги аселувале повисоките места, подножјата на Беласица, Огражден и Еленица. Ваквата поставеност на населените места по се изгледа малко се изменила во римско врмесе до доаѓањето на Словените, кога настанало најголемо мешање меѓу староседелското тракико и новото словенско. Поверодостојо е предпоставката, пресметувањето на новата локација се случила после прочуената Беласичка битка во 1014 год. помеѓу војските на Самоил и византискиот император Василеј 2. Имено по оваа битка имињата ги добиле населбите Колешино, Свидовица, Костурино, С'чево, Моноспитово, Мокриево и нашето село Мокрино. Старото име на Мокрино не е познато. До ден денешен се пренесува легендата дека селото Мокрино името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога другите жители се преселиле на тоа место започнале селото да го викаат Мокрино. Интересно е да се спомене дека во повеќе средновековни документи се споменуваат горе-долу денешните имиња на повеќе струмички села, меѓу кои и селото Мокрино, кој се споменува како посед на некој си Рудл кој живеел во Струмица.Познато е дека селото Мокрино и неколку други села уште пред Турското завладееување биле доделени за посед на Хилендарскиот манастир. Ваков статус задржале се до битката кај Ровин во 1394 год. што се одржала меѓу Турците и влашкиот војвода Мирче каде што загинале: Крали Марко и струмичкиот феудалец Константин и по нивната смрт господари на нивните поседи станале Турците. Важно е исто така да се одбележи дека меѓу сите села само во Мокрино не се населиле Турски Колонисти, односно селото за цело време во турско ропство останало христијанско и највероватно ги обавувало сите христијански обреди и обичаи во црквата св. Константин и Елена.Археолошки локалитет "Ќерамидарка"
(Ацо Танчев)
Се наоѓа на 20 км источно од Струмица под планината Беласица во атарот на селото Мокрино. Локалитетот е со два културни стратуми: постариот антички од III-IV век и помладиот со остатоци од средовековна некропола. Откриени се гробови со инхумирани покојници без гробна конструкција погребани во христијанска традиција. Гробниците содржеа воглавно накит а во одредени гробови се пронајдени и римски монети како случаен наод. Пронајдениот накит има етнографско обележје на словенската христијанска популација од XII-XIII век.