Раѓањето на Асоцијацијата Мокрино 2000 Раѓањето на Асоцијацијата Мокрино 2000Во 2000 г. од иницијатива на Мокринци во дијаспората формирано е кординационо тело кое работи под името « Мокрино 2000 » во Швајцарија со седиште во Ешалан. Идеата за ваков вид организиран општвествен живот од заеднички интерес е дојдена од интересот на жителите на Мокрино кои живеаат насекаде во дијаспората да помогнаат во изградбата и одржувањето на оделни објекти кои имаат важно значење во животот на селаните. Таа Мокринска организација има за цел да ги обедини сите граѓани на село Мокрино под едно мото:МОКРИНО ВЧЕРА ДЕНЕС И УТРЕ. За одржување на организацијата кординациониот одбор донесе одлука за изнаоѓање извор на средства со кои постепено ќе напредува во остварувањето на целите на друштвото. Прв извор на средства е оданочовањето на секоја фамилија од по 100 швајцарски франци, засега во Швајцарија а во иднина што е можно поскоро и во другите останати земји. Како втор извор е прославата на селскиот празник св. Константин и Елена на кој Мокринци ги покануваат своите пријатели со фамилиите па така се доаѓа до една многу добра пријателска атмосвера а за тоа зборува и фактот дека последниве години се повеќе имаме посетеност и од Мокринци и од другите соседни земји на Швајцарија. Остварените средства се складирани на жиросметка со адреса:Мокрино 2000 17-791886-0 1040 Echallens Suisse На која се повикуваат сите Мокринци и сите добронамерни луѓе и пријатели на Мокрино да изразаат хуманост кон родниот крај, кон останатите спомени и кон добрите поминатите моменти во нашата населба. Ве поздравува и однапред ви се заблагодарува кординациониот одбор на Мокрино во Швајцарија. |