Името ни е Македонија Дали договор за името е можен и е во интерес на двете земји
Американскиот помошен државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон смета дека прашањето за името може да се реши. Точно е дека договор е можен, а важно е и да се реши, во интерес на двете земји.Меѓутоа, тие треба да постигнат согласност,рече Гордон одговарајќи на прашања на Гласот на Америка на македонски за неодамнешната изјава на сенаторот БенКардин дека спорот меѓу Македонија и Грција околу името е решлив, доколку обете страни се подготвени на „разумни отстапки„. Тој посочи дека го охрабрува процесот кој го води Обидинетите нации, бидејќи ќе обезбеди натамошен придонес за стабилноста на Балканот. Грција има нова влада, а неодамна се одржа и средба меѓу лидерите на обете страни.Процесот го предводат ОН, но и ние имаме удел и интерес и го охрабруваме тој процес, бидејќи ќе обезбеди натамошен придонес за стабилноста на Балканот и за подобри односи меѓу двете страни, изјави Гордон во Националниот прес - клуб во Вашингтон, каде говореше за односите меѓу САД и ЕУ со акцент на дводневниот самит меѓу обете страни во Вашингтон. Во однос на глобалните предизвици широм светот, како Иран,Авганистан климатските промени и финансиската криза, Гордон смета дека се потребни посилни и поинтензивни односи со Европа. Тој го цитираше претседателот Барак Обама, дека САД не можат самите да се справат со овие предизвици, ним им се потребни силни партнери, а дека нема подобри, покорисни и посериозни како оние од Европа. | | Неонацисти прекинаа промоција на грчко - македонскиот речник во Атина
Дваесетина активисти на грчката фашистичка организација „Хриси авги„ (Златна зора)синоќа насилно ја прекинаа промоцијата на Грчко - Македонскиот речник во Атина, што ја организираше партијата на Македонците во Грција „Виножито“. Половина час по почетокот на промоцијата, групата маскирани лица влегле во Меѓународниот прес - центар лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција со цел да предизвикат инцидент. Тие дивееле во салата, ја оштетиле опремата на присутните сниматели, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не е повреден. Во обид да ги сними со своја камера, од физички напад се спасил и еден од промоторите,познатио
т американски славист и лингвист Виктор Фридман кој беше гостин на промоцијата. На снимките на телевизијата „Сонце„ што ги објави ТВ „Канал 5„ се гледа како еден од ќленовите на групата насилници и се заканува на професорка од универзитетот во Волос и се обидува со својот шлем да го удри Фридман во што е спречен од предводникот на групата насилници. Откако не успеале да испровоцираат потежок инцидент и добиле информации дека кон прес - центарот се приближува полиција, членовите на „Хриси авги“ кои од неодамна се регистрирани како политичка партија, а досега беа во тесни врски со парламентарната националистичка партија ЛАОС на Јоргос Караџаферис, избегале, и промоцијата иако со тензија продолжила. По доаѓањето на полицијата и по информациите дека други групи на грчки радикални структури се подготвуваат за други инциденти и напади на членовите на „Виножито“ се повлекле на периферијата на Атина. Еден од лидерите на „Виножито“ Павле Васкопулос, за „Канал 5“ изјави дека ова е сигнал дека „грчките власти почнуваат да се плашат од маденштината во Грција„. Инцидентот, вели,е голем срам за Грција што не може да го скрие од европската јавност. Синоќешниот инцидент се случува пет дена пред изборите во Грција за Европарламентот кои се одржуваат во недела.Според грчките националисти, Грчко - Македонскиот речник со 15.000 зборови подготвен од Васко Караџа не требало да биде вопшто печатен затоа што македонскиот јазик вопшто не постоел. Промоторите на речникот, кој е прво такво издание во Грција, пак, истакнуваат дека тој е сведоштво за постоењето на Македонците во таа земја и одговор против режимски на Атина за наводното непостоење на македонскиот јазик.
ПС. --------------------
--- МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата, зурла ќе ти го раскине срцето, кога секое влакно на кожата ќе ти се наежи кога ќе видеш 16 крако сонце, кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш FYOROM. Кога немаш ни за леб а полн си во душата. Што да правиме тоа тие грчката демократија по европски стандарти. | |
|
Слики од селото и швајцарија Г А Л Е Р И А
 |
|